Тој, според првичните сознанија кои вчера на прес-конференција ги изнесоа МВР и Обвинителството, бил индиректно вмешан во организирањето на киднапирањето на девојчето со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката. Според исказите на другите осомничени во случајот, таткото на Вања споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување од дома
Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска на денешниот распит во Обвинителството негирал дека има каква било вмешаност во случајот со исчезнувањето на неговата ќерка.
Тој, според првичните сознанија кои вчера на прес-конференција ги изнесоа МВР и Обвинителството, бил индиректно вмешан во организирањето на киднапирањето на девојчето со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката. Според исказите на останатите осомничени, таткото на Вања споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување од дома.
Тој, пак, негира дека е вклучен во дејствијата за кои е осомничен.
Вчера попладне тој беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје, по што Судот, на барање на Обвинителството, му одреди 48-часовен притвор поради опасност од бегство и влијанија врз сведоци.
Таткото на девојчето е еден од петтемина осомничени во случајот. Тројца од осомничените се во притвор, а првоосомничениот за грабнувањето и убиството на Вања, Љупчо Палевски, е во бегство и по него Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница.