Според генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Али Ахмети веќе нема кредибилитет да зборува за големи идеи
Станува збор за целосна демагогија. Човекот кој добива доверба од албанските граѓани веќе 18 години, а притоа не им овозможи ништо добро на Албанците, нема политички кредибилитет да зборува за големи идеи. Вака го оценува проектот на Али Ахмети генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
Во интервју за „Независен“, тој вели дека одамна е подготвена сцената за заминување и политичко пензионирање на Ахмети.
„Неговото време заврши, а ние ќе му помогнеме да си замине“,
нагласува Таравари.
Тој вели дека етноцентризмот нема да биде определба на Алијансата, туку доброто на секој граѓанин во оваа држава. Додава дека не верува оти сопственикот на „Еколог“, Љазим Дестани, би влегол во авантурите на ДУИ.
„Господин Љазим Дестани е познат бизнисмен, познат во Европа и во светот. Не верувам дека со таков кредибилитет би влегол во авантурите на ДУИ, која веќе е ништожна на политичката сцена. Веруваме, очекуваме и сме сигурни дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе бидат сигурни победници на овие парламентарни избори. Тие имаат квалитетни и професионални кадри, докажани во своите професии, подготвени за преговорите на Северна Македонија со ЕУ“,
вели Таравари.