Се е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ, тоа е најтешко и не верувам да биде. Меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата“, изјави за ТВ21 генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој заедно со незадоволните од пребројувањето на гласовите на изборите вечерва е на протестен марш во Скопје.
Таравари вели дека пораката на маршот е да не се повторат грабежите и криминалите кои се случуваат во последните 18 години на изборите во земјава.