На Општата болница во Струга е именуван Владимир Бунчевски, а на Здравствениот дом во Струга – Арбен Лабеништа
Д-р Владко Захариев е нов в.д. директор на Клиничката болница во Штип, а д-р Башким Шабани е именуван за в.д. директор на Клиниката за урологија во Скопје. Ова се дел од новите в.д. директори што денеска ги назначи министерот за здравство Арбен Таравари, а нови раководни позиции има и во уште осум здравствени установи.
„Нов в.д. директор на Центарот за јавно здравје во Скопје е Муамет Демири. На Општата болница во Кичево е Маја Цветановска Трајковска, а на Општата болница во Струга е Владимир Бунчевски. На Општата болница со проширена дејност во Дебар е назначена Севдије Коџа. На Здравствениот дом во Струга е именуван Арбен Лабеништа“,
информираат од Министерството за здравство.
За в.д. директор на Психијатриската болница во Демир Хисар е назначен Жан Лозановски, Херољд Сакипи на Центарот за јавно здравје во Куманово, а Благоја Китановски на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања во Отешево.