Потпретседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека усвојувањето на францускиот предлог е завршена работа, но најави дека кога ќе дојде време за уставни измени за внесување на Бугарите, неговата партија ќе бара укинување на 20-те проценти за официјалната употреба на албанскиот јазик во Северна Македонија.
„И лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски неколку пати потенцираше дека нема проблем со симнување на 20-те проценти, доколку има согласност и секако дека ние ќе одлучуваме. Не велам дека тоа треба да биде услов, но ќе видиме како работите ќе се развиваат. Според тоа, ќе донесеме одлука, но мислам дека на секој начин ќе инсистираме да се отвори Уставот и да се тргнат тие 20 проценти“,
рече Таравари.
Според него, загрижува фактот што нема консенсуз во македонските партии. Таравари вели дека проблем ќе биде да се соберат 81 глас за уставните измени, но оти верува дека двете прашања ќе се решат.