Алијансата за Албанците, според генералниот секретар на партијата Арбен Таравари, „брутално води“ пред владејачката ДУИ во албанскиот политички камп.
Еден и пол час по завршувањето на изборите, Таравари, во изјава за Телма, рече дека Алијансата води пред ДУИ во четирите изборни единици со мешан етнички состав, поточно во „единицата“, „двојката“, „петката“ и во „шестката“.
Претходно, на прес-конференција во Скопје, Таравари рече дека информациите што ги имаат од нивните штабови покажуваат дека се во предност и дека очекуваат победа. Сепак, Таравари оцени дека ова биле некоректни избори.
„Трендот е во наша полза. Но бевме под притисок од три страни, кои соработуваа за да нѐ оштетат. Ние сме оштетена страна во овој изборен процес“,
рече Таравари.