Началникот на Националната служба за обезбедување (НСО), генерал-мајор Емил Тонев изрази подготвеност, како што се наведува во соопштението на Службата, поради случајот да поднесе оставка од функцијата. Според него, во тек службена проверка за постапувањето на припадниците на обезбедувањето. Дел од членовите на безбедносниот тим ќе бидат отстранети од работа до завршувањето на проверката, а доколку се утврди вина, ќе следуваат дисциплински мерки
Претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова, изрази длабоко жалење за инцидентот со новинарката Соња Колтуклиева. Според неа, припадниците на Националната служба за обезбедување (НСО) постапуваат според утврдени протоколи и дека таа не може да влијае врз нивните одлуки и постапки
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе побара оставка од началникот на Националната служба за обезбедување (НСО), генерал-мајор Емил Тонев, по инцидентот со новинарката Соња Колтуклиева, соопшти Бугарската национална телевизија (БНТ).

Тонев, пак, изрази подготвеност да поднесе оставка од функцијата.
Јотова изјави дека е започната проверка во НСО и дека ги очекува првичните резултати, како и извештај од началникот на службата за да се утврдат сите околности околу инцидентот.
Засега, како што рече, гледа пропусти и очекува одговорност, како во однос на обезбедувањето на претседателката на бугарскиот парламент Михаела Доцова, така и во случајот со новинарката Колтуклиева.
Началникот на НСО, Емил Тонев, пак, соопшти дека е во тек службена проверка за постапувањето на припадниците на обезбедувањето за време на вчерашниот инцидент.
Изразил и подготвеност, како што се наведува во соопштението на Службата, поради случајот да поднесе оставка од функцијата.
Според него, дел од членовите на безбедносниот тим ќе бидат отстранети од работа до завршувањето на проверката, а доколку се утврди вина, ќе следуваат дисциплински мерки.
Колтуклиева: Се обидуваат да ме прикажат како виновна, а јас сум жртвата
По распитот во Обвинителство, новинарката Соња Колтуклиева соопшти дека за инцидентот е отворена преткривична постапка.
„Ја прашав претседателката на Собранието зошто ги саботираа седниците за сослушување за помилувањето на ‘Петричкиот Ескобар‘. Таа не одговори, влезе во автомобилот и ѝ ја затворија вратата. Ја повлеков вратата и продолжив да ја прашувам за тоа. Следното на што се сеќавам е дека лежев на земја, ме болеше главата, ми се повраќаше и имав силни болки во рамото. Се обидуваат мене да ме прикажат како виновна, а јас сум жртвата“,
изјави новинарката.
Претседателката на бугарското Собрание изрази жалење за инцидентот со новинарката
Претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова, изрази длабоко жалење за инцидентот со новинарката Соња Колтуклиева, која беше турната од припадник на Националната служба за обезбедување (НСО).

Посочи дека сакала да разговара со новинарката насамо за да ѝ го пренесе своето мислење и да ѝ се извини за она што се случило, оценувајќи дека таквиот инцидент е апсолутно недозволив.
„Исклучително ја почитувам новинарската професија и ја ценам работата на сите новинари, без оглед на нивните ставови“,
рече таа.
Според неа, припадниците на Националната служба за обезбедување (НСО) постапуваат според утврдени протоколи и таа не може да влијае врз нивните одлуки и постапки.
„Верувајте ми, не можам да им одредувам на колегите од НСО што и како да прават. Кога влегов во автомобилот, госпоѓа Колтуклиева ја отвори вратата и јас се вознемирив. Колегите ја затворија и автомобилот тргна. За она што се случило потоа дознав од медиумите“,
кажа Доцова.
Инцидентот се случи кога новинарката Соња Колтуклиева се обиде да постави прашање до претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова, додека таа влегува во автомобилот.
Новинарката ѝ постави прашање на Доцова зошто се спречени седниците на кои треба да се испитаат околностите околу помилувањето на Огњан Атанасов, познат како „Петричкиот Ескобар“, од страна на Илијана Јотова.
Потоа, припадник на НСО ја турка новинарката, која паѓа на тротоарот.
Колтуклиева првично е пренесена во Воено-медицинската академија во Софија, каде што била прегледана и пуштена на домашно лекување.
Сепак, новинарката денеска соопшти дека се наоѓа во друга здравствена установа, болницата „Света Софија“, каде го продолжува лекувањето.
Лекарите констатирале дека таа се здобила со повеќе повреди, меѓу кои исчашено рамо, а постојат и сомневања за потрес на мозокот.
Инцидентот во кој бугарската новинарка Соња Колтуклиева беше турната од припадник на Националната служба за обезбедување (НСО) предизвика остри политички реакции и повици за оставки на високи функционери.
