Талат Џафери останува претседател на Собранието, потврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Ние договоривме претседател на Собранието да остане Талат Џафери“,
кратко одговори Заев на новинарско прашање.
Заев и Ахмети соопштија дека ги поставиле темелите на коалицијата за формирање на новата Владата, но засега нема информации за тоа кој кои ресори ќе ги води или евентуални имиња кои ќе ги предложат.
Заев додаде дека во следните денови, како што ќе се постигнуваат договорите така ќе информираат за поединечните ресори.
И двајцата тврдат дека ќе има нови и чесни кадри на предлог од двете партии.