Тајван, за кој Кина смета дека е нејзина територија, рече дека испратил авиони и распоредил ракетни системи за да ги следат кинеските активности во својата идентификациска зона за противвоздушна одбрана. Одлуката следува откако 27 кинески воени авиони се проближија до тајванскиот воздушен простор. Тензиите посебно се зголемија откако претседателката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси престојуваше во посета на Тајван, на што официјален Пекинг се спротистави
Тајван ги крена своите борбени авиони, откако кинеските авиони продреа во зоната на противвоздушната одбрана, соопшти тајванското Министерство за одбрана.
Тајван, за кој Кина смета дека е нејзина територија, рече дека испратил авиони и распоредил ракетни системи за да ги следат кинеските активности во својата идентификациска зона за противвоздушна одбрана.
Одлуката следува откако 27 кинески воени авиони се проближија до тајванскиот воздушен простор. Тензиите посебно се зголемија откако претседателката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси престојуваше во посета на Тајван, на што официјален Пекинг се спротистави.
„Пелоси не е свесна за мноштвото проблеми во својата земја и не се грижи за егзистенцијата и благосостојбата на своите сограѓани, туку прави политички трикови и го повторува она што со бројни факти е докажано дека е лага на векот“,
напиша на Твитер портпаролката на кинеската Влада Хуа Чунјинг.
Таа додаде дека посетата на Пелоси на Тајван го разоткрива злокобниот мотив за користење на човековите права како изговор за мешање во внатрешните работи на други земји, поткопување на стабилноста на Кина и ограничување на развојот на Кина.
Во меѓувреме, Велика Британија и Германија веднаш реагираа и побараа деескалација на ситуацијата, а високи владини претставници во Тајван, пак, ги повикаа граѓаните да останат смирени поради плановите на Кина да одржи воздушни и поморски воени вежби во водите што го опкружуваат островот.
Како што јави ДПА, од денеска до недела Кина ќе одржи вежби на шест точки околу Тајван, приближувајќи се на девет наутички милји од нејзините две главни поморски пристаништа во Келунг и Каосиунг, како очигледна одмазда за посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси – третата највисока функционерка во Вашингтон.
Откако потврди дека САД „стојат со Тајван“, Пелоси замина вчера вечерта по речиси 20-часовна посета на Тајпеј. Посетата на Пелоси ги зголеми стравувањата од воена криза во Тајвански теснец што го дели копното на Кина од островот.
Министерството за надворешни работи на Кина по слетувањето на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, објави дека Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за одлучно да го брани националниот суверенитет и територијалниот интегритет, а сите последици ќе ги сносат САД и силите кои се борат за независност на Тајван.
Од друга страна, Министерството за национална одбрана на Тајван ги осуди кинеските воени вежби како „еквивалентни на блокада“ и „кршење на меѓународното право“.