Кинеското Министерството за надворешни работи по слетувањето на Ненси Пелоси објави дека Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за одлучно да го брани националниот суверенитет и територијалниот интегритет
Кинеската Народноослободителна армија започна воени операции во близина на брегот на Тајван, објави Централната телевизија на Кина (ЦЦТВ )повикувајќи се на официјален претставник на воената команда.
Народноослободителната војска на Источната борбена команда на Кина, како што наведува ЦЦТВ, започна серија заеднички воени операции околу островот Тајван вечерта на 2 август, како и заеднички воздушни и поморски вежби во морето и воздушниот простор северно, југозападно и југоисточно од Тајван.
Вежбите, потсетува Блумберг, се најзначајната демонстрација на моќ на Кина околу Тајван од 1995 година, кога Пекинг тестираше проектили во морето во близина на островот како одговор на посетата на САД на првиот демократски избран претседател на Тајван, Ли Тенг-Хуи. Во тоа време Кина, исто така, прогласи зони за исклучување околу целните области за време на вежбите, што го наруши бродскиот и воздушниот сообраќај.
Министерството за надворешни работи на Кина по слетувањето на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, објави дека Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за одлучно да го брани националниот суверенитет и територијалниот интегритет, а сите последици ќе ги сносат САД и силите кои се борат за независност на Тајван.
Пред посетата, која се очекуваше иако не беше официјално планирана, кинескиот претседател Си Ѓинпинг минатата недела му рече на американскиот претседател Џо Бајден дека одлучно ќе го заштити кинескиот национален суверенитет и територијален интегритет.