Според него, Охридскиот договор бил принуден компромис „и сега ги трпиме овие компромиси и овој лош договор“
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, смета дека Охридскиот договор веќе 23 години не ги дава потребните резултати. Според него, неопходен е нов договор меѓу Македонците и Албанците.
„На нас Албанците во Македонија ни треба силен договор со Македонците каде што ќе бидеме целосно рамноправни во споделувањето на интересите во заедничката држава, каде што ќе имаме ист Устав, симболиката ќе биде иста, секој од нас ќе има свое знаме, сопствен јазик, сопствени интереси, инаку ова губење време со Охридскиот договор 23 години само ја докажува неизлечивоста на желбата на Македонците да доминираат и владеат со нас. Нивниот став да доминираат над нас ги има карактеристиките на тоталитарните држави или диктаторските империи“,
рече Тачи кој денеска ги посети тетовските гробишта по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери.
Тој додаде дека Охридскиот договор бил принуден компромис „и сега ги трпиме овие компромиси и овој лош договор“.