Речиси 100 илјади лица во светот позитивни на коронавирусот го загубиле животот во рок од една седмица.
Како што информира Светската здравствена организација, за седум дена починале околу 96 илјади лица низ светот и ова досега е црн рекорд од почетокот на пандемијата.
Смртните случаи од коронавирус во периодот меѓу 18 и 24 јануари се за еден процент повеќе отколку претходната недела.
Од друга страна, бројот на регистрирани новозаразени лица во период од седум дена е помал за 15 проценти. Од 18 до 24 јануари, потврдени се околу 4 105 000 нови случаи на коронавирусот.
Според СЗО, повеќе од 98 милиони луѓе во светот се заразени од почетокот на пандемијата, а над 2,11 милиони од нив починаа.