Вкупно 22 здравствени работници на Клиниката за нефрологија во Скопје се позитивни на коронавирусот. Заразени се 9 лекари, 8 медицински сестри, 3 болничари, еден лаборант и еден психолог.
Меѓу заразените е и директорката на Клиниката, Ирена Бушлетиќ.
Изворот за заразата, како што посочуваат од Министерството за здравство, сè уште не е конкретизиран со оглед на тоа што во моментов се спроведуваат епидемиолошките анкети.
Според информациите оттаму, работата на Клиниката се одвива регуларно и тековните обврски се завршуваат од страна на вработените кои го надополнуваат отсуството на оние кои се заразени или се во изолација.