Она што го посочуваат од СЗО е дека во третата фаза од студијата, анализата на безбедноста на вакцините кај пациенти со хронични болести е ограничена на многу мал број луѓе со здравствени проблеми, освен дебелината, а нема податоци за евентуални тешки несакани ефекти кај бремени жени и лица над 60 години. Исто така, од СЗО велат дека нема податоци ниту за периодот на заштита што го обезбедува оваа вакцина
Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) изразија сомнеж во податоците што кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ ги поднела за нивната вакцина против ковид-19, во врска со несаканите ефекти кај некои пациенти, но се убедени во нејзината ефикасност во спречување на развој на болеста.
Според документот на Стратешката советодавна група на експерти при СЗО (САГЕ), како што објави Ројтерс, станува збор за вакцината „Синофарм ББИБП-КорВ“ која е одобрена во 45 земји, а наменета е за возрасни, при што досега се искористени 65 милиони дози.
Документот содржи податоци од клинички испитувања во Кина, Бахреин, Египет, Јордан и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
СЗО откри дека ефикасноста во третата фаза на клинички испитувања по две дози е 78,1 процент, нешто помалку од 79,3 проценти, како што претходно објави Кина.
„Убедени сме дека две дози од оваа вакцина се ефикасни во спречување на развој на ковид-19 кај лица на возраст меѓу 18 и 59 години“,
се вели во документот.
Но, она што го посочуваат од СЗО е дека во третата фаза од студијата, анализата на безбедноста на вакцините кај пациенти со хронични болести е ограничена на многу мал број луѓе со здравствени проблеми, освен дебелината, а нема податоци за евентуални тешки несакани ефекти кај бремени жени и лица над 60 години. Исто така, од СЗО велат дека нема податоци ниту за периодот на заштита што го обезбедува оваа вакцина.
„Изразуваме многу мала доверба во квалитетот на податоците поврзани со ризикот од сериозни последици од вакцинацијата по една или две дози кај лица на возраст од 60 години и над тоа, како и кај лица со повеќе хронични болести“,
велат експертите на СЗО .
Анализата на САГЕ е подготвена пред Техничката советодавна група на СЗО да донесе одлука дали ќе ја одобри вакцината за итни случаи.