Според УХМР, на места се очекува да има поинтензивни процеси со пообилен дожд, над 15 литри на квадратен метар, засилен ветер кој ќе дува со брзина над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме
Претпладне променливо облачно со можна појава на утринска магла во дел од котлините, а попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. На места ќе има поинтензивни процеси со пообилен дожд, над 15 литри на квадратен метар, засилен ветер кој ќе дува со брзина над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 23 до 35 степени.
По вчерашното невреме, времето во Скопје се очекува да биде облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината и денеска се очекува краткотрајно невреме со пообилен дожд и град. Температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 32 степени.
Според најавата на УХМР, утре ќе се задржи променливото, облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи, a потоа следува период на стабилно време и сончево време.
