Списокот на вакцини одобрени од СЗО се смета за потврда за нивната ефикасност и безбедност
Тоа ќе бидат првите вакцини што не се произведени од западни земји кои ќе се одобрат на глобално ниво
Светската здравствена организација планира во следните две недели да донесе одлука за итно одобрување на две кинески вакцини против ковид-19.
Се работи за вакцините на „Синофарм“ и „Синовак“. Кина веќе употреби милиони дози од овие вакцини во земјата и испрати низ целиот свет, претежно во Јужна Америка, Азија и Африка.
„Имаме техничка советничка група што ја проценува вакцината на ‘Синофарм’ денес, потоа на ‘Модерна’, па следната недела на ‘Синовак’. Значи, очекуваме да донесеме одлука за ‘Синофарм’ пред крајот на оваа недела, а за ‘Синовак’ до крајот на следната“,
изјави Маријангела Симао од СЗО.
Списокот на вакцини одобрени од СЗО се смета за потврда за нивната ефикасност и безбедност. Доколку бидат одобрени, кинеските вакцини ќе бидат првите вакцини што не се произведени од западни земји кои што ќе се одобрат на глобално ниво.