Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека се уште нема докази дека луѓето кои прележале Ковид-19 и развиле антитела не можат повторно да се разболат.
Во денешното соопштение на СЗО се предупредува да не се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобрувања за враќање на работа на луѓе кои го прележале kовид-19, затоа што со тоа се продолжува ризикот од ширење на коронавирусот.
Чиле минатата недела најави дека планира да воведе „здравствени пасоши“ и да ги издава на луѓе кои се излекувале од коронавирусот.
Од СЗО денеска предупредија и дека поради проблеми со дистрибуцијата на мрежи против комарци и на лекови предизвикани од пандемијата со новиот коронавирус, од маларија годинава би можеле да починат околу 400.000 луѓе повеќе во споредба со минатата година.