Портпаролката на Светска здравствена организација Маргарет Харис денеска изјави дека вакцина против ковид-19 ќе биде произведена за околу 12 месеци.
„Навистина не можеме да очекуваме да добиеме вакцина пред 12 месеци или дури и подолго“,
потенцира Харис.
Таа додаде дека развивањето на вакцина бара „концептуален доказ“ за нејзината ефикасност, како и докази за безопасност по пациентите.
„Треба да бидеме сигурни дека вакцината нема негативни и несакани ефекти, туку и долгорочни ефекти. Покрај тоа, во исто време треба да се испита и имунолошкиот профил и да поминат неколку етапи за проучување на безопасноста на вакцината“,
потенцира Харис.
Таа истакна и дека во Италија и во Шпанија има „мало намалување“ на бројот на новозаразени, додека во Турција и во Велика Британија е забележан раст на заболените од новиот коронавирус, додавајќи дека сè уште не е достигнат врвот на пандемијата.
Поврзана вест
Ковид-19: Речиси два милиони заразени и 120.000 починати во светот