Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120 000 починати, покажуваат најновите податоци на универзитетот „Џонс Хопкинс“ и порталот „Ворлдометерс“.
Во светот со новиот коронавирус се заразени 1 920 985 лица, а 119 686 луѓе починале, според универзитетот „Џонс Хопкинс“, додека според „Ворлдометерс“ заразени се 1 929 121 луѓе, а починале 119 754.
Од болеста се излекувани 452 838 луѓе.
Од моментално заразените, 96 проценти имаат лесна клиничка слика, додека четири проценти или 51 157 се во сериозна или критична состојба.
Во САД моментално има најголем број заразени луѓе – 587 173 и вкупно 23 644 починати лица.
Според најновите бројки, 170 099 луѓе се заразени во Шпанија, 17 756 починале, 159 516 се заразени во Италија, 20 465 починале, додека во Франција се потврдени 136 779 случаи и 14 967 починати.
Зад нив се Германија со 130 072 заразени и 3 194 смртни случаи, па Велика Британија со 88 621 потврдени заразени лица и 11 329 смртни случаи.
Кина пријави 89 нови случаи, што значи дека се потврдени вкупно 82 249 заразени, додека 3 341 починале.