Годишните времиња, најверојатно, не влијаат врз развојот на пандемијата на новиот коронавирус, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека е погрешно верувањето оти во летен период сме позаштитени.
„Годишните времиња не влијаат врз пренесувањето на вирусот, од кој починаа над 650 000 луѓе во светот и заразени се повеќе од 16 милиони. Постои верување дека вирусот е сезонски, но мора да запаметиме дека станува збор за нов вирус, кој иако е респираторен, кои историски се сезонски, овој се однесува поинаку“,
изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на онлајн-брифингот.
Таа истакна дека комбинацијата на вирусот на грип, кој е сезонски и преовладува во зима, и новиот коронавирус е загрижувачка и може да го зголеми притисокот врз здравствените системи.
„Им препорачуваме на сите да се вакцинираат против грип“,
советува Харис.