Во соопштението се вели дека сè уште има многу неодговорени прашања за тоа како настанала епидемијата, но нема докази дека некакви генетски промени во вирусот се одговорни за тоа
Речиси 200 нови случаи на мајмунски сипаници се пријавени во повеќе од 20 земји, каде главно нема епидемии на невообичаени болести, но епидемијата е под контрола, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО предложи создавање резерви за еднаква дистрибуција на вакцини и достапни лекови низ целиот свет. Во соопштението се вели дека сè уште има многу неодговорени прашања за тоа како настанала епидемијата, но нема докази дека некакви генетски промени во вирусот се одговорни за тоа.
„Првата секвенца на вирусот покажува дека сојот не се разликува од соевите што можеме да ги најдеме во земјите каде што вирусот е ендемичен и епидемијата веројатно се должи на промена во однесувањето на луѓето“,
се вели во извештајот.
Претходно оваа недела, главниот советник на СЗО рече дека епидемијата во Европа, САД, Израел, Австралија и пошироко е веројатно поврзана со две забави во Шпанија и Белгија каде ширењето е преку сексуални односи.
Ова означува значително отстапување од типичниот модел на ширење на болеста во Централна и Западна Африка, каде луѓето најчесто се заразуваат со контакт со животни како диви глодари и примати.
Научниците притоа укажуваат дека болеста не ги погаѓа луѓето повеќе поради нивната сексуална ориентација, и дека вирусот може да зарази други доколку не се спречи преносот.