Според американскиот претседател Џо Бајден, Михаил Горбачов бил редок лидер и државник кој придонел за побезбеден свет. Бајден додава дека Горбачов бил лидер кој имал доволно фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да стигне таму
Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз пред распадот, по долго боледување почина вчера во Москва на 92-годишна возраст, објавија руските државни новински агенции
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин изрази длабоко сочувство поради смртта на последниот советски лидер Михаил Горбачов кој по долга болест почина вчера во Москва на 92-годишна возраст.
„Владимир Путин го изразува своето најдлабоко сочувство по смртта на Михаил Горбачов и утринава испрати телеграма со сочувство до неговото семејство и блиските“,
информираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Други светски лидери исто така му одадоа чест на Горбачов – последниот советски лидер и добитник на Нобелова награда за мир.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази длабока тага и го нарече Горбачов уникатен државник, кој го промени текот на историјата.
„Направи повеќе од кој било друг, за да поттикне Студената војна да заврши на мирен начин“,
пишува во соопштението на Гутереш.
Mikhail Gorbachev was a one-of-a kind statesman who changed the course of history.
— António Guterres (@antonioguterres) August 30, 2022
The world has lost a towering global leader, committed multilateralist, and tireless advocate for peace.
I’m deeply saddened by his passing. pic.twitter.com/giu2RHSjrQ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го опиша Горбачов како водач кој беше достоен за доверба и почит.
„Последниот советски лидер „одигра клучна улога во завршувањето на Студената војна и падот на железната завеса. Го отвори патот кон слободна Европа. Тоа е наследство што нема да го заборавиме“,
напиша таа на Твитер.
Mikhail Gorbachev was a trusted and respected leader. He played a crucial role to end the Cold War and bring down the Iron Curtain. It opened the way for a free Europe.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) August 30, 2022
This legacy is one we will not forget.
R.I.P Mikhail Gorbachev
Според американскиот претседател Џо Бајден, Михаил Горбачов бил редок лидер и државник кој придонел за побезбеден свет.
„Како лидер на СССР, тој работеше со (американскиот) претседател (Роналд) Реган за да го намали нуклеарниот арсенал на двете земји, на големо олеснување на луѓето ширум светот кои се молеа за крај на трката за нуклеарно вооружување. По децении брутална политичка репресија, тој усвои демократски реформи“,
вели Бајден во соопштението.
Бајден додава дека постапките на Горбачов беа постапки на редок лидер, лидер кој имаше доволно фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да стигне таму.
„Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе“,
истакна Бајден.
Францускиот претседател Емануел Макрон му се заблагодари на Горбачов за ангажманот за мир во Европа. Според Макрон, Горбачов е човек на мирот, чии избори го отворија патот кон слободата за Русите.
„Неговиот ангажман за мир во Европа ја промени нашата заедничка историја“,
додаде Макрон.
Британскиот премиер на заминување, Борис Џонсон ги поздрави неговите храброст и интегритет.
„Многу ме натажи веста за смртта на Горбачов. Секогаш се восхитував на неговите храброст и интегритет што ги покажа при завршувањето на Студената војна“,
објави тој на Твитер.
Џонсон додаде дека во моменталната агресија на Путин во Украина, неговата неуморна посветеност на отворањето на советското општество останува пример за сите нас.
Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз пред распадот, по долго боледување почина вчера во Москва на 92-годишна возраст, објавија руските државни новински агенции.