На вонредната седница на земјите од Г7 свикана поради се потешката ситуација во Авганистан лидерите усвоија план за акција во оваа земја, но рокот не го поместија иако, Велика Британија се обиде да ги убеди своите сојузници дека ќе треба повеќе време за сите да ја напуштат земјата
Лидерите на најразвиените земји во светот денеска одлучија рокот за евакуација од Авганистан да не биде продолжен по 31 август.
На вонредната седница на земјите од Г7 свикана поради се потешката ситуација во Авганистан лидерите усвоија план за акција во оваа земја, но рокот не го поместија иако, Велика Британија се обиде да ги убеди своите сојузници дека ќе треба повеќе време за сите да ја напуштат земјата.
Седницата беше иницирана од британскиот премиер Борис Џонсон, поради ескалација на насилствата во Авганистан откако талибанците дојдоа на власт.
Талибанците претходно денеска изјавија дека нема да дозволат евакуација по 31 август и објавија дека веќе нема да дозволат авганистански граѓани да доаѓаат на аеродромот во Кабул, со што забранија нивна евакуација.
Весникот „Вашингтон пост“ објави дека првиот човкна ЦИА тајно се сретнал со еден од талибанските лидери, кога тој наводно рекол дека САД не планираат да го продолжат својот престој во Авганистан.
Борис Џонсон соопшти за што се разговарало на денешната седница, но избегна да одговори на прашањето на новинарите дали успеал да го убеди Бајден да го продолжи рокот за евакуација. Наместо тоа, Џонсон рече дека Велика Британија досега евакуирала 9 000 луѓе од Кабул.
Тој вели дека Г7 има „договорена карта за акција со Талибанците“, но тие сакаат да обезбедат безбеден премин за Авганистанците кои сакаат да ја напуштат својата татковина по 31 август.
„Во моментов, само Велика Британија евакуираше толку многу луѓе од Кабул. Мислам дека 57 летови се огромен напор за нашата армија, но ние ќе продолжиме до последен момент. Слушнавте што рекоа талибанците и што рече претседателот на Соединетите држави. Мислам дека треба да го разберете контекстот на нашите постапки. Убедени сме дека можеме да спасиме илјадници луѓе“,
рече Џонсон.
Условот што го поставиле е дека талибанците мора да гарантираат безбеден премин до 31 август, но мир мора да владее и после тоа. На оние кои сакаат да ја напуштат земјата мора да им се дозволи да го сторат тоа, рече Џонсон.