По денешната средба со министерот Панче Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање, косовскиот министер Џелал Свечла потенцираше дека Србија нема законска основа ниту во меѓународното право да бара екстрадиција на Блерим Рамадани
Според косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, кој беше уапсен на граничниот премин „Јажинце“, е криминално барање.
По денешната средба со министерот Панче Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање, Свечла потенцираше дека Србија нема законска основа ниту во меѓународното право „да го отежнува движењето на граѓаните“.
Рамадани беше уапсен пред повеќе од една недела на преминот Јажинце, меѓу Косово и Северна Македонија.
„За случајот треба да прашате во Министерството за правда, министерство кое го покрива ова поле. Што се однесува до екстрадицијата на нашиот граѓанин по барање на Србија, за тој случај има изјава, се произнел и самиот суд во Република Македонија. Ние сме спремни да разговараме и да работиме и како две соседни земји и како две пријателски земји и нема да дозволиме криминално барање на една трета земја која што нема ни законска основа, ниту законска основа во меѓународното право да го отежнува слободното движење на нашите граѓани“,
рече Свечла.
За Србија тој вели дека е држава која и во регионалната соработка е проблем.
На поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, на барање на Обвинителството за организиран криминал му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Тој беше приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш беше префрлен во затворот Шутка во Скопје.
„На влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б. Р. (47) од Косово затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека евидирал со мерка ‘апси‘ по барање на Интерпол Србија“,
стоеше во потврдата на МВР.
Амбасадорот на Косово во РС Македонија, еднаш откако ја добил инормацијата, се залагал за брзо ослободување на Рамадани.
Џелал Свечла е во посета на РС Македонија. На средбата со Тошковски зборувале за соработката меѓу двете земји. Целта на двајцата министри, како што беше истакнато по денешниот состанок, е граѓаните да можат полесно да ги поминуваат границите и што поуспешна борба против организираниот криминал.