Утре и во четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, а попладне се можни поројни дождови, грмежи и невреме со појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи од 9 до 17 степени, а максималната од 27 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност, а попладне во делови од котлината се можни пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.
Утре и во четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во атмосферата, локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
До крајот на седмицата ќе продолжи променливото време, со услови за локална нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
