Обезбедени се материјални докази – пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели
Во координираната полициска акција во Струмица, Струга, Гевгелија, Битола и Демир Капија, денеска се уапсени десет лица под сомнение за инволвираност во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана.
Како што соопшти Mинистерството за внатрешни работи, акцијата започнала уште од октомври 2023 година, а преземени се повеќе оперативно-тактички мерки и активности за сузбивање на групата.
Полицијата обезбедила и материјални докази – пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели.
Приведените лица ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, а пронајдената дрога ќе биде дадена на вештачење.
„Денеска, полициските службеници од слобода лишиле 10 лица, од кои четири од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија. Притоа, извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и обезбедени се материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели. Приведените лица ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, пронајдената дрога ќе биде дадена на вештачење, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3 од Кривичниот законик – ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’“,
соопшти МВР.