Како што соопштуваат од советот, судијата Авдија бил единствен пријавен кандидат на огласот
Судијата Бесник Авдија е избран за претседател на Основниот граѓански суд Скопје, на седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија, на која се избраа претседатели на уште неколку судови во земјава.
Како што соопштуваат од Судскиот совет, судијата Авдија бил единствен пријавен кандидат на огласот.

За претседател на Основниот суд Неготино беше избрана судијката Билјана Толова, исто така единствен кандидат.
За претседател на Основниот суд Кичево, Советот го определи судијата Футурије Дервиши, еден од тројцата кандидати пријавени на огласот заедно со Амдије Зенгул и Билјана Кижевска
Во Основниот суд Крива Паланка едногласно беше избран судијата Орце Јанковски како единствен пријавен кандидат, и со 12 гласа „за“ во Основниот суд во Штип беше избран судијата Ацо Тасев.
На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет се и определување в.д. претседатели на Вишиот управен суд, Основниот граѓански суд Скопје, Основниот суд Кичево и Основниот суд Неготино, како и одлука за утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување услови за старосна пензија.