Одлуката за рехабилитација на Никола Калабиќ е донесена на 5 јули и е образложена на 54 страници. Во текот на десетгодишната постапка Вишиот суд во Ваљево ислушал повеќе сведоци и направил увид во документи кои биле достапни во историските архиви и воените институции.
Барањето за рехабилитација било поднесено пред десет години од внуката на Калабиќ, Весна Драгојловиќ. Првото решение за негова рехабилитација е донесено кон крајот на април 2017 г., но по жалби на неколку лица е укинато на почетокот на мај 2018 година. Предметот бил вратен на повторно одлучување.
Според најавите, јавниот обивинител во Ваљево и претставникот на Република Србија повторно се очекува да поднесат жалба за одлуката за рехабилитација на четничкиот командант, јавува српската телевизија Н1.
Калабиќ бил командант во чета на Дража Михајловиќ, по што станал командант на Горската кралевска гарда, која според историски наводи, била една од најозогласените четнички единици. Иако неговите потомци тврдат дека не постојат докази што укажуваат на тоа дека Калабиќ е одговорен за злостроствата кои биле спроведувани од четниците, историчарката Јелена Ѓуреновиќ наведува дека според документите и преписките во периодот на Втората светска војна, се потврдува неговата одговорност за т.н. чистење на комунисти, терор, кражби и злосторства извршени над српски цивили во тој период.