Поранешниот вршител на должноста премиер на Бугарија минатата година Стефан Јанев пред речиси два месеца одржа основачки состанок на партијата „Бугарски подем“
На последните парламентарни избори Кирил Петков и Асен Василев учествуваа со регистрациите на партиите „ВОЛТ“, „Средна европска класа“ и „Социјалдемократи“, бидејќи технички немаа време да ја регистрираат својата партија
Градскиот суд во Софија даде зелено светло партиите „Бугарски подем“ на Стефан Јанев и „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков да се запишат во регистарот на политички партии.
Поранешниот вршител на должноста премиер на Бугарија минатата година Стефан Јанев пред речиси два месеца одржа основачки состанок на партијата „Бугарски подем“.
Јанев, исто така, во бугарската четирипартиска влада на премиерот Кирил Петков беше министер за одбрана, но беше принуден да ја напушти функцијата поради неговите изјави поврзани со руската агресија врз Украина – уште првиот ден од руската инвазија врз Украина, Јанев го употреби терминот „операција“ наместо војна на Русија во Украина.
На претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври како посебна партија ќе може да настапи и „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев.
На последните парламентарни избори Кирил Петков и Асен Василев учествуваа со регистрациите на партиите „ВОЛТ“, „Средна европска класа“ и „Социјалдемократи“. Тие одлучија да ги користат овие мали партии, бидејќи технички немаа време да ја регистрираат својата партија. Според законот, партијата мора да биде регистрирана најмалку 45 дена пред парламентарните избори.
Рокот за пријавување во ЦИК за претстојните избори на 2 октомври е 17 август.
Во меѓувреме, претседателот на Бугарија, Румен Радев, одржа средба со Централната изборна комисија, на која повика на поголема доверба на јавноста во изборниот процес и гласањето.
„На 2 октомври ќе одржиме вонредни парламентарни избори и тоа е главната задача пред преодната влада – нивно организирање и спроведување“,
изјави денеска Радев.
Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври годинава, а во меѓувреме назначи преодна влада на чело со премиерот Галаб Донев.