На 2 октомври ќе одржиме вонредни парламентарни избори и тоа е главната задача пред преодната влада – нивно организирање и спроведување, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со претставниците на институциите надлежни за подготовка и спроведување на гласањето.
„За сите нас е од големо значење овие избори да донесат стабилно и одговорно владејачко мнозинство кое ќе се зафати со итни реформи и ќе носи стратешки одлуки за нашата земја. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива висок легитимитет што произлегува од високиот одѕив на гласачите“,
рече Радев.
Според него, високата излезност бара висока посветеност на партиите и кандидатите за пратеници со јасни програми и пораки за привлекување гласачи, но и одговорна работа на изборната администрација и државата, што ќе даде доверба во транспарентноста, чесноста и пристапност на изборниот процес.
Радев , како што пренесе БГНЕС, на средбата инсистирал на активна информативна кампања за машинско гласање.
„Треба да се зголеми довербата во машинското гласање. Машинското гласање ја покажа својата ефикасност и придонесе за намалување на купените гласови.
Претседателот инсистирал на активна информативна кампања за машинско гласање.
„Треба да се зголеми довербата во машинското гласање. Машинското гласање ја покажа својата ефикасност и придонесе за намалување на купените гласови. Потребна е активна кампања за информации за машинско гласање. Се надевам дека ќе се вклучат и медиумите“
додаде Радев.