Фалете се со вашите дела, а не со делата на судот, која власт, за вас и за сите идни влади е независна, така и ќе остане,напиша на фејсбук-профилот судијката од Кривичниот суд Оља Ристова
Судијката во Кривичниот суд Оља Ристова ги повика политичарите од власта, денешната објавената пресуда за случајот „Таргет – Тврдина“, кој се однесува на прислушувањето, да не го претставуваат како свој успех на конечна правда, бидејќи на тој начин го покопуваат кредибилитетот и независноста на судството.

„Се додека денес функционерите од власта на своите профили постираат слики и се фалат дека дошла правдата, за судска одлука која е донесена по советување и гласање од страна на независен судечки совет И ТОА ДВА ДЕНА ПРЕД ДЕНЕШНАТА ОБЈАВА, граѓаните никогаш нема да стекнат доверба во судскиот систем. Фалете се со вашите дела, а не со делата на судот, која власт, за вас и за сите идни влади е независна, така и ќе остане“,
напиша Ристова на својот фејсбук – профил.
Објавата на Ристова на нејзиниот приватен профил е реакција на денешните постови и изјави на политичари од власта, меѓу кои и премиерот Заев кој на Фејбук напиша: „Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда, има и мир!“.
И министерот за правда Бојан Маричиќ вечерва во интервју за ТВ Сител по повод пресудата рече дека ова е голем ден за правната држава и за владеењето на правото.
Ристова е позната во јавноста како судијка која во време на претходната власт во 2016 и 2017 година два пати беше прераспоредувана „по казна“ од Кривичниот, во Одделот за сообраќајни прекршоци.

За првото преместување, во 2016 година, во неколкуте интервјуа тогаш Ристова рече дека причина е нејзиното правно мислење, како член н кривичниот совет, дека „бомбите“ не треба да се отфрлат како доказ во постапките, кога на чело на Кривичито суд во Скопје беше Владимир Панчевски, кој во декември 2019 беше разрешен од судија, а потоа во август лани е осуден на три ипол години затвор за злоупотреба на системот за распоредување предмети (АКМИС).
За второто пак, во 2017 година, кога в.д. претседателка на Кривичен е сега разрешената судијска Татјана Михајлова, таа вели дека причина се пипувањата на нејзиниот брат на Фејсбук.
Во февруари 2019 година, претседателот на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев го прифати нејзиното барање за изземање од предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“ (за изборни нерегуларности во Чаир и унишптување на изборен материјал за локалните избори од 2013 година), поради, како што се наведуваше во него, директен притисок од тогашната специална јавна обвинтелка Катица Јанева во еден нејзин ТВ настап, со што ја довела во прашање нејзината независност и непристрасност во постапувањето, што пак според Ристова отвора сомнеж во јавноста.