Мицкоски во својот говор за Илинден остро ги нападна сите оние кои бараат оставка од него и од членовите на раководство, нарекувајќи ги јаничари на власта и товар на партијата
Откако екс-градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски го критикуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прозивките и обвинувањата упатени кон него и кон сите што бараат одговорност за поразот на парламентарните избори, во одбрана на партискиот лидер застана портпаролот Наум Стоилковски.
„”Комшија” Ивице гледам си се пронашол во фразата “појаничарени јуришници на Заев” па реагираш. Алал нека му е на Мицкоски што совршено ве дефинираше; иако не ве спомена со име, вие сами си се јавивте. Е сега токму поради тоа тежиш минус четири илјади гласа во Аеродром. Не може да зборите за обединување, а да го гледате светот од скутот на Заев. Затоа единствено реформи можете да правите во СДСМ“,
напиша Стоилковски на својот профил на Фејсбук.
Ова следува откако Коневски порача дека однесувањето на Мицкоски на најголемиот македонски празник Илинден е срамно и дека наместо повици за обединување, тој ширел клевети.
Мицкоски во својот говор од Ташмаруништа остро ги нападна сите оние кои бараат оставка од него и од членовите на раководство, нарекувајќи ги јаничари на власта и товар на партијата.