Претходно на прес-конференција во партиското седиште, тој појасни дека станува збор за затвореник кој бил сместен во полуотвореното одделение во Шутка, но упати и прашања до надлежните дали ова лице има досие со 16 кривични дела и толку неправосилни пресуди, како и дали смеел да биде сместен во тој дел од затворот
Човекот за кого денеска држев прес-конференција дека избегал од затвор, ми става „лајк“ на статуси, од слобода и во бегство, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој за ова на Фејсбук објави „принтскрин“ дека затвореникот му ставил „лајк“ и уште еднаш побара оставки од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов (Сокол).
„Па има ли поголем срам за државата!? Човекот за кого денеска држев прес-конференција дека избегал од затвор, ми става ’лајк‘ на статуси, од слобода и во бегство! Сокол одма оставка! Оливер одма оставка! Ужас!“,
вели Стоилковски.
Претходно на прес-конференција во партиското седиште, тој појасни дека станува збор за затвореник кој бил сместен во полуслободното одделение во Шутка, но упати и прашања до надлежните дали ова лице има досие со 16 кривични дела и толку неправосилни пресуди, како и дали смеел да биде сместен во тој дел од затворот.
Стоилковски посочи дека станува збор за лицето Нафи Авдиоски, кој, според него, е во бегство повеќе од 10 дена. Осуден е на осум месеци за делото измама и врз основа на тоа бил сместен во полуоторено одделение во Шутка.
„Ова лице коешто се повторува на фотографиите Нафи Абдиоски, чест гостин во Владата на СДС, со еден убав албум фотографии во прегратки со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, првиот вицепремиер Артан Груби, во премиерскиот кабинет на Зоран Заев, фотографиии со претседателот на Собрание, фотографија со Стево Пендаровски. И оттука СДС-ДУИ, можеби најмногу Оливер Спасовски министер со најголем стаж во Министерството за внатрешни работи, мора да одговорат: Дали се работи за лице коешто има 16 кривични дела и толку неправосилно пресуди? Дали Нафи Абдиовски со правосилност на овие пресуди би лежел 15 години затвор? Дали е повратник во затвор? Дали законот според пресудите за Абдиовски и во делот на тоа што е повратник, законот посочува дека Нафи Абдиовски НЕ СМЕЕЛ да биде затвореник во Шутка, туку би морал да лежи во Идризово? Уште повеќе, дали смеел да биде сместен во полуотворен одделение?“,
праша Стоилковски.