Пратката, како што информира Филипче, е обезбедена преку директните преговори со производителот и преку ЕУ
Нови 12 870 дози од вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ пристигнаа денеска во земјава, објави министерот за здравство Венко Филипче.
„Дополнителни 12 870 дози од производителот ‘Фајзер’, обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ, која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата ‘Тим Европа’ (Team Europe) пристигнаа денеска
, објави Филипче на Фејсбук.
Тој апелираше апелираше сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација да го сторат тоа што поскоро.