Обвинителката Лиле Стефанова, која денеска сведочи во случајот „Рекет“, во судницата рече дека осомничените во „Империја“ праќале политичари, бизнисмени, судии и обвинители да влијаат врз истрагата.

„Рековте дека, меѓу другите, се ургирало и преку судии. Ќе се согласите ли со мене дека тоа е судија на Основниот кривичен суд Скопје?“, праша адвокатот Сашо Дуковски, на што обвинителката Стефанова одговори потврдно – „да“.
„Ќе се согласите ли со мене дека тој судија се наоѓа во Одделот за организиран криминал во судот?“, продолжи со прашањата Дукоски, на што овој пат Стефанова даде конкретен одговор:
„Да, можам да кажам и кој судија е. Станува збор за Добрила Кацарска. Таа не се јавила лично кај мене, туку кај мој колега“,
одговори Стефанова во вкрстеното испрашување.
*Поврзани вести