Информативните содржини ќе се објавуваат во форма на панел-дискусии, видеоспотови, видеоанимации, билборди и дигитални содржини наменети за социјалните медиуми
За спроведување на оваа кампања, Владата во ноември по пат на јавна набавка склучи договор со Друштвото за филмска продукција Вертиго НМЕ со вкупен износ од 354 581 евра
„Европска иднина, поблиску од кога било“ е слоганот на новата медиумска кампања на Владата која почнува од денеска, а која има за цел да ја информира јавноста за придобивките од процесот на интеграција и членство во Европската Унија (ЕУ) и подобро разбирање на реформите врзани со евроинтеграциите.
„Кампањата, преку подигање на свесноста, обезбедување на точни и прецизни информации и подобрување на разбирањето на реформските процеси, придонесува кон градење на широка поддршка за остварувањето на стратешката цел, членството на Северна Македонија во Европската Унија“,
информираат денеска од Владата.

Информативните содржини, како што соопштија од Владата, ќе се објавуваат во форма на панел-дискусии, видеоспотови, видеоанимации, билборди и дигитални содржини наменети за социјалните медиуми.
Во фокус на кампањата се пет области – економија, земјоделство, животна средина и ресурси, демократија и владеење на правото и млади. Во оваа насока, како што се посочува во владиното соопштение, граѓаните ќе се информираат за промените кои се постигнати со европска поддршка, а кои се во насока на спроведувањето на реформите и постигнувањето на европските стандарди.
„Кампањата ја посочува досегашната позитивна трансформација на економскиот, социјалниот и општествениот живот во земјата и ќе придонесе кон подобро разбирање на реформите кои ќе овозможат понатамошен развој на државата по европски стандарди и градење на европска иднина дома“,
посочуваат од Владата.
За спроведување на оваа кампања, Владата во ноември годинава по пат на јавна набавка склучи договор со Друштвото за филмска продукција Вертиго НМЕ во вкупен износ од 354 581 евра.