Бразилските власти одлучија спортскиот комплекс „Маракана“ да биде привремена болница за пациенти заразени со новиот коронавирус.
Локалните власти на Рио де Жанеиро дополнително треба да одлучат колку кревети ќе бидат поставени во објектите на најпознатиот фудбалски стадион во светот. Исто така, не е познато дали привремената болница ќе биде подигната на фудбалскиот терен или во состав на комплексот, каде што има и атлетски стадион и базен.