Миистерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вечерва за РТС потврдил дека Атина го известила Белград дека ќе им дозволи на државјаните на Србија да влезат во земјата преку границата со Бугарија.
Србија очекува во текот на утрешниот ден да биде доднесена и официјална одлукадека грчката граница е отворена за српските туристи.
Но, како што потенцирал оваа одлука засега се однесува само на границата со Бугарија, но не и со Северна Македонија.
Како што јавува РТС педесетина возила вечерва чекале на граничниот премин Кулата- Промахонас откако Грција објави дека не им е дозволен влез на српските државјани.
Грчко-бугарскта граница е отворена од денеска, но како што беше соопштено само за државјаните на ЕУ, додека за останатите од 1 јули.
Исто така, нашата Влада објави дека од вчера е дозволен транзит за странски државјани кои патуваат кон Грција, но денеска грчките цариници ги враќаа со образложение дека границата затворена до 30 јуни.