Средношколците в петок ќе протестираат во Скопје, со цел да им укажат на властите дека не се сложуваат наставата да се започне само онлајн, туку тие бараат комбинирана настава.
Како што информира Сојузот на средношколците, тие в петок од Министерството за образование и наука ќе се упатат кон Владата, а таму ќе ги прочитаат своите барања.
„Доколку на 15 септември се стартува само со онлајн настава или настава на далечина, ние ќе бидеме офлајн, односно ќе ја бојкотираме наставата“,
изјави претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи за Телма.