Владата на Србија денеска соопшти дека одлучиле Средното економско училиште во Шабац да биде претворено во привремен објект за сместување и лекување на пациенти со ковид-19.
Ова е само една од денешните одлуки кои доаѓаат во пакет со заострување на мерките за забрани за собирање на повеќе од десет лица и на отворено.
Шабац е еден од градовите во Србија кои се најпогодени од растот на заболени со коронавирус. Само денеска податоците говорат за бројка од 62 новозаразени.
Во овој, како и во неколку други градови е прогласена и вонредна состојба.