Андреа Џенкинс, новата британска министерка за образование, им покажа среден прст на демонстрантите кои се собраа пред Даунинг стрит 10, резиденцијата на британскиот премиер.
Во обид да го објасни својот гест, Џенкинс рече дека била испровоцирана од толпата. Во својата објава на Твитер, Џенкинс образложуваше дека требало да покаже „повеќе смиреност“, но одби да се извини.
„Во четвртокот наутро дојдов во Даунинг стрит за да го гледам говорот на премиерот Борис Џонсон. Толпата пред портата ги навредуваше пратениците од мојата партија, нешто што за жал стана премногу вообичаено“,
напиша Џенкинс на Твитер.
Премиерот Џонсон во четвртокот најави дека се повлекува од функцијата. Во наредниот период Конзервативната партија ќе бира негов наследник.