Британскиот министер за одбрана, Бен Вoлас, кој важеше за еден од фаворитите за наследник на премиерот Борис Џонсон денеска изјави дека нема да се кандидира за лидер на Конзервативната партија.
„По внимателно разгледување и разговори со колегите и семејството, донесов одлука да не се кандидирам за лидер на Конзервативната партија. Изборот не беше лесен, но фокусот ми е на мојата сегашна работа и на безбедна оваа голема земја“,
напиша Валас на Твитер.
Џонсон поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија по бранот оставки на министри и високи функционери на британската влада, но ќе остане како британски премиер додека не се избере нов партиски лидер. Досега поранешниот министер за финансии, Риши Сунак, ја објави својата кандидатура за наследник на Џонсон.