Во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат, како што соопшти МНР, во посета на земјава утре доаѓаат министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски, и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски.
„Тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето евро-пристапно досие“
соопшти МНР.
Од МНР додаваат дека освен средбата со домаќинот Османи, предвидено е тројцата министри да бидат примени од претседателот на државата, Стево Пендаровски, и претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе се сретнат со лидерот на опозицијата, како и на одвоени средби со пратеници од опозицијата и од владејачката коалиција.