Во Србија во изминативе 24 часа регистриран се пет смртни случаи, со што вкупниот број на починати изнесува 71 лице, или 2,29 отсто, изјави на денешната владина прес-конференција членот на кризниот штаб Дарија Кисиќ, јавува МИА.
Во изминатите 24 часа, тестирани се најмногу граѓани од појавата на вирусот – 1 893 лица, од кои регистрирани се 238 нови позитивни случаи, со што вкупно заразени во Србија има 3 105 лица.
„Во болниците вкупно се хоспитализирани 2 107 пациенти, од кои 136 лица се тешки случаи и ставени се на респиратор“,
кажа Кисиќ.
Вкупниот број на тестирани лица заклучно со денеска во Србија изнесува 14 240 лица.
На Белградскиот саем, кој има капацитет од 3 000 кревети, досега се сместени 231 лице, на Новосадскиот саем со 1 000 кревети има 123 пациенти и во спортската сала „Чаир“ во Ниш и во хотелот „Ценротурист“ има 229 пациент со лесна клиничка слика на епидемијата.
„Немаме скок на заразените и тоа така треба да продолжи и граѓаните да сфатат зошто толку апелираме и молиме да останат во своите домови“,
изјави епидемиологот Предраг Кон, кој оцени дека и понатаму е умерен оптимист дека наскоро ќе дојде до крај на кризата и враќање во нормален живот.
Од денеска полицискиот час во Србија се продолжува и ќе важи од 17 часот до 5 часот во понеделник.