Александар Вучиќ смета дека Србија е надвор од двата блока и може да ја гарантира безбедноста на двајцата претседатели на таков настан од високо ниво

Покрај Швајцарија и Србија изрази подготвеност да биде домаќин на евентуална средба помеѓу следниот претседател на САД, Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Србија е заинтересирана за таков настан и дека може да гарантира целосна безбедност за двајцата претседатели.
Според него, Србија во основа е надвор од двата блока, односно НАТО и ОДКС и во суштина е независна земја.
„Истовремено, ова е земјата каде што претседателот Трамп имаше најголема поддршка во цела Европа. Не постои ниту една земја што може да се спореди со Србија во однос на нивото на поддршка за претседателот Трамп“,
рече Вучиќ.
А потоа додаде дека Путин е многу популарен и во Србија.

„А од друга страна, ова е земја во која претседателот Путин е сè уште многу, многу популарен. Така, мислам дека тоа е место на Земјината топка што би било исклучително погодно за двајцата“,
рече Вучиќ.
Претходно, Швајцарија соопшти дека е подготвена да биде домаќин на Трамп и Путин на глобалниот самит за мир кој ќе се одржи во јуни.
Средба помеѓу Трамп и Путин не e реткост. Првата формална средба се случи во Хамбург, Германија, во 2017 година на самиотот на Г20. Наредната, 2018 година, беше најважната средба на двајцата претседатели во Хелсинки, Финска.
На самитот Г20 во Осака, Јапонија, тие имаа кратка средба, а потоа и неформални разговори.