Главниот епидемиолог Предраг Кон најави дека доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба, ќе предложи онлајн настава
Главниот српски епидемиолог Предраг Кон во интервју за ТВ Прва соопшти дека од почетокот на учебната година во Србија, со коронавирус се заразени 17 ученици од кои 12 во Белград.
Доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба во образовните институции, тој најави дека ќе предложи да се премине само на онлајн настава.
„Засега не е одредено колку деца треба да бидат заразени за некое училиште да биде затворено, но засега се е во ред“,
вели Кон.
Тој жали што не бил прифатен неговиот предлог, сите деца што се враќаат од одмор од странство да одат во 10-дневна изолација, за да се намали ризикот од зараза во школите.
Школската година во Србија започна на 1 септември, со поделба на класовите со поголем број ученици на помали групи, со задолжително носење маски и физичко растојание.
На анкетите што ги спроведоа училиштата пред почетокот на наставата, дури 98 отсто од родителите се изјасниле децата да одат на училиште.