Според соопштението од СБУ, осомничените барале да стапат во контакт со воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие. Оттаму наведуваат дека сакале да го убијат шефот на Главната управа за разузнавање, Кирил Буданов, пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која живее. Еден од уапсените, како што информира СБУ, веќе набавил беспилотни летала и муниција за нападот
Приведени се двајца украински полковници на Управата за државна безбедност (СБУ) откако биле осомничени дека заедно со уште три лица планирале атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски по инструкции на руски специјални служби. Атентат бил планиран и за високи воени и политички функционери во земјата, како началникот на СБУ, Василиј Маљук, за шефот на Главната управа за разузнавање, Кирил Буданов, како и други високи функционери, соопшти украинската Државната служба за безбедност, а пренесува Си-ен-ен.
Според украинските медиуми, приведени се полковниците на Управата за државна безбедност, Андреј Гук и Деркач.

„Тие беа претресени, им беше пронајдено и одземено соодветно оружје, како и други предмети што укажуваат на криминални активности“,
наведуваат од СБУ.
Според соопштението од СБУ, осомничените барале да стапат во контакт со воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие. Оттаму наведуваат дека сакале да го убијат шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која живее. Еден од уапсените, како што информира СБУ, веќе набавил беспилотни летала и муниција за нападот.
Директорот на СБУ, Василиј Маљук, пак, изјави „нападот требаше да биде подарок за Путин пред неговата инаугурација“.
„Плановите биле спроведени од агенциска мрежа, која однапред била разоткриена од Службата за безбедност на Украина со помош на раководството на Службата за државна безбедност“,
се наведува во соопштението.
Како што се додава, во мрежата, која била контролирана од руската Федерална безбедносна служба имало и двајца полковници на украинското Министерство за државна безбедност (УДО) кои пренесувале тајни информации до Руската Федерација.
Зеленски, како што пишува Си-ен-ен, од 2022 година се соочил со неколку ситуации кога му бил загрозен животот.
Минатата година една жена од јужниот украински регион Миколаев беше уапсена со обвинение дека правела заговор за атентат врз Зеленски, односно дека собирала разузнавачки информации за планираната посета на Зеленски на Миколаев со цел да планира руски воздушен напад за да го убие.
Во април, Полјак беше обвинет за помагање на друг руски заговор за атентат врз Зеленски.