За да ја согледа реалноста, опозициската партија му порача на Ковачевски да се сврти околу себе и да излезе од халуцинациите. Претходно денеска премиерот Димитар Ковачевски негираше оти постојат пратеници од владејачката СДСМ кои се против уставните измени и додаде дека тоа што го кажува опозицијата нема никаква реална основа
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека вкупно девет пратеници од владејачкиот СДСМ се против уставните измени или сметаат оти ваквите измени се најлошото нешто што оваа влада можела да го направи. Партијата обвини и дека еден пратеник од ДУИ барал пари за да ги гласа уставните измени.
Претходно денеска премиерот Димитар Ковачевски негираше оти постојат пратеници од владејачката СДСМ кои се против уставните измени и додаде дека тоа што го кажува опозицијата нема никаква реална основа.
„Ковачевски да каже дали пратеници од СДС, поточно тројца од првата и втората изборна единица кажале дека ако се овие уставни измени на маса, нема да ги гласаат, и дали шест пратеници од внатрешноста им рекле дека уставните измени се најлошото нешто што може оваа влада да го направи. Исто така, треба да го праша Груби дали еден пратеник од ДУИ барал пари за да гласа за уставни измени“,
велат од опозициската партија.
За да ја согледа реалноста, ВМРО-ДПМНЕ му порача на Ковачевски да се сврти околу себе и да излезе од халуцинациите. Нагласија и оти нема да поддржат уставни измени, под, како што велат, бугарски диктат.
Претходно денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека не планира да одржи поединечни разговори со пратениците од опозицијата или, пак, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да ја убеди целата пратеничка група на оваа партија да гласа за уставните измени.
„Сите пратеници, па и лидери на политички партии ќе ви кажат дека јас поединечни средби не одржувам. Тоа се однесува како на пратениците од мојата пратеничка група така и на сите други. Одвоени средби не практикувам ни сега ни во иднина“,
одговори премиерот.