Харис води во Мичиген за два поена, Пенсилванија за 1,1 поен и Висконсин за 1,8 поени. Трамп води во Аризона за помалку од половина поен и во Џорџија со половина поен
Камала Харис води пред Доналд Трамп, покажуваат националните анкети. „Фајв трти ејт“ (FiveThirtyEight), водечка агенција за испитување на јавното мислење во САД, ѝ даде на демократската кандидатка предност од 2,1 поен пред нејзиниот републикански ривал на национално ниво, пишува „Гардијан“.
Харис води во Мичиген за два поена, Пенсилванија за 1,1 поен и Висконсин за 1,8 поени. Трамп води во Аризона за помалку од половина поен и во Џорџија со половина поен.
Трамп води за околу три поени во Северна Каролина, а кандидатите се изедначени во Невада. Во Невада, неодамнешните анкети на Си-би-ес и Блумберг ѝ дадоа предност на Харис за два поена, додека вчера „Невада индипендент“ објави анкета во која Харис има предност од шест поени.
Во четвртокот вечерта Ејми Волтер, од непартискиот „Кук политикал рипорт“, изјави за Пи-би-ес дека пред да влезе Харис во трката, Бајден значително заостануваше зад Трамп, во некои држави, дури и за шест поени.
„Сега кога Харис е во трката, тие бројки значително се движат во нејзина корист. Сега трката веќе не е толку поволна за Трамп како што беше, да речеме, на крајот на јули“,
додаде Волтер.