Воедно, како што посочи министерот Спасовски, имало јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот
Освен ВМРО-ДПМНЕ, која обвини за инцидентот и побара оставка од Спасовски, дел од медиумите, според неофицијални информации, објавија дека доцна синоќа полициска патрола била протерана од скопско Арачиново од вооружена група откако претходно се обидела да запре возило кое било управувано од лице што не поседувало документи. Лицето почнало да бега, а откако патролата тргнала по него била пресретната од вооружена група по што морала да го напушти местото
Досега немаме добиено пријава што укажува на тоа дека имало напад, макар и вербален врз полициските службеници од полициската станица во Арачиново, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања во врска со конкретниот инцидент во Арачиново за кој објавија дел од медиумите.
За случајот денеска реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што посочија дека вооружени лица блиски до власта влегле со закани во полициско одделение во Арачиново при што четворица полицајци добиле наредба од претпоставениот да се повлечат од полицискиот пункт и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба. Од партијата побараа и оставка од Спасовски.
„Досега немаме пријава ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал и ги избркал, немаме пријава ниту од граѓани коишто дошле тоа да го направат“,
изјави денеска министерот Спасовски.

Воедно, тој додаде дека имало јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот.
„Денеска работат колегите и од одделот на крим-полиција и од внатрешна контрола. Денеска со службен материјал ќе ги расчистат сите овие работи за да можеме да информираме. Комплетно да заврши, и ќе ги имаме деталите за овој случај за да видиме дали било така или не“,
додаде министерот.
Во однос на реакцијата од опозицијата која побара одговорност и оставка од него по однос на овој случај, министерот Спасовски рече дека засега не може да коментира конкретно оти сè уште не се знае точно што се случило вечерта во Арачиново. Единствено што кажа е дека е пренагласено дека нападот бил оружен, но повтори дека треба да се почека за да се утврди што конкретно се случило.
Освен ВМРО-ДПМНЕ која обвини за инцидентот, дел од медиумите, според неофицијални информации, објавија дека доцна синоќа полициска патрола била протерана од скопско Арачиново од вооружена група откако претходно се обидела да запре возило кое било управувано од лице што не поседувало документи.
Лицето почнало да бега, а откако патролата тргнала по него била пресретната од вооружена група по што морала да го напушти местото.